Норвешка имаше рекордно производство на природен гас минатата година

Норвешкото производство на природен гас, кое стана клучно за да се надомести загубата на рускиот гас во Европа, достигна нов рекорд минатата година. Тој изнесуваше 124 милијарди кубни метри гас, кој скандинавската земја речиси целосно го извезе во Европа, објави Норвешката управа за нафта.
Ова го надмина претходниот рекорд на Норвешка од 122,8 милијарди кубни метри гас, поставен во 2022 година – годината кога Русија започна голема инвазија на Украина, објави француската новинска агенција АФП.

Како резултат на конфликтот во Украина, испораките на руски гас во Европа нагло се намалија, а Норвешка ја презеде Русија како главен снабдувач со гас на стариот континент.

Извршниот директор на Одборот, Торгеир Стордал, ги коментираше овие податоци: „Откако на крајот на годината престана транспортот на гас од Русија преку Украина, гасот од Норвешка стана уште поважен“.