
Во Норвешка до крајот на следната година ќе бидат субвенционирани најголем дел од сметките за струја на норвешките домаќинства, соопшти денеска владата во Осло.
Малцинската влада на левиот центар е под притисок да ги намали цените на струјата за домаќинствата, бидејќи зголемените трошоци за живот се прашањето што најмногу ги загрижува гласачите, пренесува Ројтерс.
„Ова е подобрување, бидејќи владата сноси најголем дел од трошоците за струја за норвешките домаќинства“, рече норвешкиот премиер Јонас Гар Стоер на прес-конференција.
Субвенциите ќе покриваат 90 отсто од сите трошоци над 0,7 круни (околу 0,05 евра) за киловат час, објави владата.