Норвешки град планира да направи “детокс“ на децата од виртуелниот свет

33

Норвешкиот град Ставангер планира да воведе забрана за користење на мобилни телефони во училиштата во овој град. Општинските власти на Ставангер, освен забрана за мобилни телефони во училиштата, планираат на помалите деца да им оневозможи индивидуален пристап на компјутери.

Повеќето градски советници ја поддржуваат оваа идеја, напоменувајќи дека на овој начин ќе се направи “детокс“ на децата од виртуелниот свет. Планирано е децата од прво до четврто одделение да немаат пристап до персонални компјутери, а наместо тоа ќе бидат поставени заеднички компјутери во училниците кои ќе може да ги користат со дозвола на наставникот. Целта е овие мерки да бидат воведени за учениците од сите одделенија, од прво до десетто.

Градскиот советник, Мимир Кристјансон истакна дека е загрижен поради претераната употреба на мобилни телефони и компјутери меѓу децата и младите луѓе.

“Сигурно е дека ќе биде корисно и здраво за децата помалку време да поминуваат во виртуелниот свет“, вели тој.