Норвежаните „спремија“ 195 милиони долари за Украина

23

Норвешката влада денеска соопшти дека ќе и даде на Украина 195 милиони долари помош за купување гас за оваа зима.

Овие средства се дел од претходно најавениот пакет помош од речиси 10 милијарди долари што ќе бидат испратени во Украина преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), пренесува Ројтерс.

„Важно е средствата да се испратат преку воспоставена, меѓународно призната организација, која ќе обезбеди ефикасно и транспарентно користење на средствата“, рече норвешкиот министер за финансии Тригве Слагсволд Ведум.