Нов чип за смартфони доаѓа со „опасна“ карактеристика

88

Американскиот производител на чипови Qualcomm го претстави својот нов процесор Snapdragon 8 Gen 1 за водечки паметни телефони, откривајќи ги интересните способности на камерата. Сепак, ова ги вознемири набљудувачите на пазарот.

Станува збор за „always-on” функцијата („секогаш вклучена“), која овозможува предната камера секогаш да биде „внимателна“. На пример, камерата ќе ви помогне да го отклучите телефонот со само еден поглед пред да го земете, или веднаш ќе го заклучи ако вашето лице исчезне од видното поле на сензорот.

Оваа функција звучи страшно и може да ја наруши приватноста, предупреди The Verge. Се разбира, можноста да го отклучите телефонот на прв поглед може да биде удобна, особено ако вашите раце се валкани. Сепак, мора да се има предвид и доверливоста.

Qualcomm ја споредува опцијата со со микрофоните секогаш вклучени (always-on microphones) – функција која се користи во телефоните со години и е корисна, на пример, за гласовни команди кои можат да го разбудат уредот без да го допирете.

За среќа, американската компанија увери дека корисниците ќе можат да ја оневозможат функцијата секогаш вклучена камера. Најважно е сите луѓе да бидат информирани и сами да одлучат дали вреди да се ризикува својата приватност со постојано вклучен сензор.