Unicredit CAIB започна процес за продажба на словенечката издавачка куќа Дело, чиј сопственик Пивоварна Лашко неуспешно се обидува да ја продаде веќе неколку години, пишува љубљански Дневник.
На потенцијалните стратешки и финансиски инвеститори им е испратен проспект со податоци од работењето на Дело и неговите изданија.
Дело последните четири години работи со загуба. Минатата година загубата изнесуваше 2,2 милиони евра, а издавачката куќа забележа пад на приходот од 19%, на 46 милиони евра.
Една од најголемите пречки за продажба на Дело е високата задолженост. На крајот на минатата година, Дело должеше скоро 13 милиони евра, а за камати на тој долг годишно мора да плати околу 700.000 евра.