Винер лајф во партнерство со ВФП Фонд менаџмент го создаде новиот производ Лајф инвест кој што претставува спојување на животното осигурување и вложување во инвестициски фонд чии акции котираат на американската, швајцарската и германската берза. Ова е прв и единствен од овој вид производ во Македонија, а меѓу првите и во регионот.
Лајф инвест е производ кој што отвора нови можности и бенефиции за осигурениците, така што корисникот е животно осигуран но истовремено станува и инвеститор во хартии од вредност на реномирани светски компании.
„Винер Лајф како дел од VIG групацијата на македонскиот пазар се обидува да ги донесе сите производи кои им се на располагање на граѓаните во развиените европски земји. Токму овој производ е дел од таа наша заложба. Како еден од поатрактивните осигурителни производи на странските пазари, посебноста што ја постигнува во Македонија е тоа што корисникот, физичките лица кај нас ја имаат ретката можност да вложат преку вредноста на акциите на најголемите светски компании и на тој начин да бидат во добивка за принос што може да биде значајно поголем од износот кој се добива со штедење во банка“, изјави Дарко Дедиќ, претседател на Управен одбор на Винер Лајф.
Лајф инвест е единствен производ на македонскиот осигурителен пазар што ги претставува пред граѓаните огромните можности на Unit linked производите, односно средствата се вложуваат во инвестициски фонд во водечки светски компании чии акции котираат на американската, швајцарската и германската берза.
„При создавањето на овој производ го имавме искуството и знаењето од другите пазари каде успешноста се покажа како многу голема. Инвестициските фондови и странските пазари на хартии од вредност не се толку блиски, посебно за граѓаните на Македонија па токму затоа овој заеднички производ е чекор понапред во информирање на граѓаните за бројните можности што ги имаат со проширувањето на понудата со различни и атрактивни производи“, изјави Магистер Руперт Штробл, генерален директор на WVP group од Австрија и претседател на Одборот на директори на ВФП Фонд Менаџмент.
Новиот производ Лајф инвест е веќе достапен во сите филијали на Винер Лајф и партнерот за посредување и продажба, осигурителното брокерско друштво ВФП АД Скопје, каде што граѓаните можат да добијат и подетални информации.