Нов пакет со три услуги и бесплатен лаптоп од ОНЕ

33

D11920157F2B114EA5E7A2F908555E8FПочнувајќи од денес, телекомуникацискиот оператор ОНЕ нуди пакет со три услуги и бесплатен лаптоп за една претплата.

Промотивниот Fix/Net/TV PROMO пакет е достапен по цена од 1.779 денари/месечно, а содржи фиксна телефонија со неограничени разговори кон сите мобилни и фиксни броеви на ОНЕ, неограничен, супер брз интернет до 10 Mbps, BoomTV со 2 бесплатни уреди и HP ProBox 4540S за 0 денари со подарок торба, како и бесплатен Wi-Fi рутер за безжична интернет конекција.

Во резидентниот сегмент, освен со три, ОНЕ нуди и промотивен пакет со две услуги Fix/Net Promo со кој, за само 799 денари/месечно корисниците ќе добијат фиксна телефонија со неограничени разговори кон сите мобилни и фиксни броеви на ОНЕ и неограничен, супер брз интернет.

Новата промоција важи и за бизнис сегментот. Така, секој бизнис корисник кој ќе го избере промотивниот пакет со две услуги Fix/Net BUSINESS PROMO, добива неограничени минути кон сите мобилни и фиксни броеви на ОНЕ, можност за активација на една дополнителна фиксна линија и неограничен интернет.