Нов план на Европа: Ќе се гради подморски гасовод?

100

Европските власти ги разгледуваат плановите за изградба на нов гасовод што ќе ги поврзува Пиринејскиот Полуостров и Централна Европа, заобиколувајќи ја Франција.

Ова го изјави португалскиот премиер Антонио Коста, пишува Sputnik International.

Коста рече дека Европската комисија смета дека е можно да се изгради алтернативна рута за гас меѓу Централна Европа и Пиринејскиот Полуостров, објави португалскиот онлајн весник Обсервадор.

Премиерот, наводно, рекол дека првичниот план, кој предвидувл гасовод низ Франција, пропаднал поради еколошките грижи на француската влада. Потенцијалниот гасовод што ќе ја заобиколи Франција ќе ги поврзе Португалија и Шпанија со Италија и ќе мине под Средоземното Море.

На крајот од јули, шпанската радио-телевизија Cadena SER цитираше извори од републичкото Министерство за транзиција и демографски предизвици, кои велат дека Мадрид размислува да понуди извоз на гас во Европа преку два цевководи преку Пиринеите, како и да користи сопствен гасен систем за да избегне намалување на потрошувачката.

ЕУ се соочува со енергетска криза во последниве месеци, со зголемени цени на гасот поради ниските нивоа во подземните складишта по ланската студена зима и топлото лето, како и западните санкции против Русија.