Кинескиот оператор China Telecom демонстрираше нова 11K 3D технологија на Светската конференција за дигитална економија, одржана претходно овој месец во Нингбо. Видеото од дискусијата „Паметен град и паметна економија“ покажа снимка од кинеско село.
Посетителите на изложбата можеа да се прошетаат и детално да го истражат виртуелното село. Резолуцијата беше толку висока што на лисјата на дрвјата можеше да се видат капки роса, забележува „MyDrivers“.
За снимање на една минута 3D видео со оваа резолуција, потребни се 10 гигабајти (GB) слободен простор. Целото видео со виртуелното село зафаќа 500 GB.
Во јуни годинава Кинескиот телеком ја создаде првата комбинација 3D + 5G + 8K за да и помогне на индустријата да се подготви за пренос на видео со ултра-висока 8K резолуција и 3D содржини што може да се видат без очила.
Во септември, операторот успешно го инсталира првиот 3D екран во земјата со резолуција 8K, што им овозможува на гледачите да гледаат стерео слики со голо око.
Во денешно време, 4К телевизорите стануваат се почести, а видеото со 8К полека добива популарност.