Нова алатка од Google Maps што нема да дозволи да се изгубите

25

Фото: Pixabay

Google Maps работи на нова алатка што ќе им помага на корисниците полесно да се снајдат во просторот.

Станува збор за апликација со проширена реалност, а корисникот ќе може да види каде е и каде треба да оди со помош на инструкциите од Google Maps. Истите ќе бидат во реално време и преку камерата на телефонот и ќе насочуваат кон бараната локација.

Оние локации коишто ќе бидат компатибилни со новата алатка ќе дојдат и со ново копче Start AR покрај стандардното Directions. Од компанијата велат дека со помош на новата апликација корисникот нема да се изгуби, односно лесно ќе дојде до посакуваното место.

Моментално опцијата се тестира од страна на мала група бета корисници, пред да биде достапна глобално, пишува Metro.uk.

Сепак Google постави ограничувања кога станува збор за нејзино користење. Може да се користи само додека се оди, но не и во возење од безбедносни причини. Исто така, нејзината примарна цел ќе биде наоѓање на одредени “зафрлени“ локации,  а не како основна апликација за навигација.