Нова листа на Форбс на најбогати луѓе во светот: Бил Гејтс повеќе не е меѓу првите 10

Во ноември, најголем добитник беше Илон Маск, исто така најбогатиот човек на светот, а Лери Елисон и Џеф Безос исто така забележаа импресивен пораст на богатството.

Богатството на контроверзниот Илон Маск се зголеми за неверојатни 25 отсто во текот на ноември, благодарение на растот на акциите на Tesla и вредноста на неговиот старт-ап со вештачка интелигенција. Така, богатството на Маск за прв пат по две години надминува 300 милијарди долари. Акциите на Tesla постигнаа голем пораст по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД минатиот месец.

Маск од мај го држи првото место на листата на најбогати, а само ја зголеми предноста за повеќе од 100 милијарди долари. Форбс проценува дека неговото богатство на 22 ноември накратко достигнало рекордни 334 милијарди долари. Според проценките на Форбс, Маск на 1 декември вредел 330 милијарди долари – 66 милијарди повеќе отколку пред точно еден месец.

Ноември беше одличен месец и за неколку други членови на листата на десетте најбогати луѓе во светот. Втор на листата, Лери Елисон е вториот и најголем победник. Во текот на ноември тој стана побогат за 22 милијарди долари поради зголемувањето на вредноста на акциите на Oracle. Сега богатството на Елисон е 227 милијарди долари. Основачот и претседател на Amazon, Џеф Безос е на трето место, а неговото богатство се зголеми за 19 милијарди долари, на 223 милијарди, поради растот на акциите на Amazon за 11 отсто.

Заедно, 10-те најбогати луѓе во светот имаат 1,81 милијарди долари, што е за 106 милијарди долари повеќе од пред еден месец, пренесува Форбс Хрватска.

Кои се првите 10 најбогати луѓе во светот?
1. Илон Маск
2. Лери Елисон
3. Џеф Безос
4. Марк Цукерберг
5. Бернард Арно
6. Ворен Бафет
7. Лери Пејџ
8. Сергеј Брин
9. Стив Балмер
10. Амансио Ортега