Нова понуда за физички лица од Шпаркасе Банка

92

06d0d28a-6dba-4a79-aa32-d80b2553516aШпаркасе Банка во својата понуда воведува два нови пакета С и М наменети за физички лица.

Со овие пакети граѓаните ќе можат да користат повеќе банкарски производи и услуги одеднаш и се наменети за сите физички лица кои имаат или ќе ја префрлат својата трансакциска сметка во Шпаркасе Банка. Месечниот надомест за користењето на пакетите е 50 денари.

Двата вида на пакети, С и М содржат различни видови производи и услуги и граѓаните ќе можат да бираат врз основа на нивните потреби. За пакетите ќе може да се аплицира до 31 март 2014 година.

“Секогаш настојуваме да понудиме производи направени по мерка на нашите клиенти и потребите на пазарот. Пакетите за физички лица С и М се наједноставен и најповолен начин за користење на нашите производи и услуги. На едно место, по многу поповолна цена од поединечните цени, одбирајќи С или М пакет, нашите клиенти ќе можат да користат она кое им е најпотребно. Посебна поволност е тоа што сите оние кои ќе се одлучат за пакетот М и се нови корисници на Мастер и Виза картичките, добиваат каматна стапка од 6% за картичките во првите шест месеци и можноста за подигање на готовина без провизија на банкоматите на банките членки на Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата. Верувам дека ќе има голем интерест за овој најнов производ на нашата банка”, изјави Глигор Бишев, Претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија.