
Банкарската групација „Голдман Сакс“ со седиште во Њујорк повторно ја ревидираше нагоре својата прогноза за цената на нафтата, велејќи дека пазарот би можел да остане под притисок од продолжените прекини во снабдувањето и високите цени на енергијата.
Банката сега очекува цената на суровата нафта од типот „Брент“ да биде во просек околу 90 долари за барел во четвртиот квартал од 2026 година, додека суровата нафта од типот „Тексас ВТИ“ треба да се движи околу 83 долари за барел, објавува порталот „Оилпрајс“.
Според анализата на банката, пазарот на нафта сè уште е силно погоден од прекините во снабдувањето, првенствено поради застојот во преговорите меѓу САД и Иран и намалената достапност на нафта од Блискиот Исток.











