Швајцарската фармацевтска компанија, Novartis за 9,7 милијарди долари ја презема The Medicines Company, надевајќи се дека американскиот производител ќе оствари добри резултати со новиот лек за контрола на нивото на холестерол, пишува Financial Times.
Одлуката за ова преземање е последниот обид на извршниот директор на Novartis, Вас Нарасиман, да ја редизајнира швајцарската фармацевтска компанија, чија пазарна вредност се проценува на 230 милијарди долари.
The Medicines Company овој месец ги претстави резултатите од испитувањето на нивниот нов лек за намалување на нивото на холестерол во крвта. Проценките покажуваат дека со таканаречениот лош холестерол проблем имаат 58% од Американците.
Фото: Pixabay