Од денеска, во Албанија ќе биде продолжено времето за пуштање музика во Албанија, а полицискиот час и понатаму ќе биде на сила од 00:00 до 06:00 часот.
Од денеска, баровите и кафулињата во Албанија имаат дозвола да пуштаат музика до 23 часот, кое претходно беше до 22 часот, полицискиот час е сè уште во сила од полноќ до шест часот наутро, објави Техничкиот комитет на експерти, кој одлучува за мерки против коронавирус.
Од 15 јуни, дозволено е собирање до 50 лица надвор, додека носењето маска во затворен простор е сè уште задолжително. Во исто време, цените во баровите и рестораните се зголемија за 1,3% во споредба со мај и јуни, што е најголемо зголемување на цените од јануари 2017 година.
Фото: Pixabay