Нови правила во маркетингот

63

marketing-pixabay

Фото: Pixabay

Ако мислите дека маркетингот е ист како пред 10 или 20 години, се лажете. Во принцип, сè што денес важи е во потполна спротивност на она што важело порано, пишува Inc.

Стари правила

1. Креирајте производ кој ќе привлече голем број на потрошувачи, масовен пазар.

2. Обидете се да таргетирате што повеќе луѓе со маркетинг порака која би влијаела на што повеќе потенцијални потрошувачи.

3. Креирајте препознатливо име на бренд кое можете да го градите и да му додавате дополнителни дејности освен примарната.

Овие правила повеќе не важат, и покрај тоа што многу успешни компании го изградиле својот успех токму базирајќи се на нив, затоа што маркетингот и многубројните медиуми ги фрагментираа потрошувачите во помали групи, секоја со специфични карактеристики и интереси, а маркетинг пораките веќе се толку многубројни, што потрошувачите едноставно ги игнорираат.

Нови правила

1. Креирајте производ кој ќе има специфична целна група.

2. Со својата порака таргетирајте ја само целната група што сте ја одбрале и обидете се потрошувачите да ги “конвертирате” во свои гласници.

3. Разговарајте со луѓето што го разбираат вашиот производ, дефинирајте го брендот и иднината заедно со нив.

И додека старите правила беа пренесувани масовно, новите се насочени само кон одредени медиуми. Старите правила беа да се допре до широките маси, додека новите целат кон помали групи и индивидуалци. Старите правила сакаа да го контролираат умот, додека новите ја ставаат контролата во рацете на потрошувачите.