Новинари од Русија во посета на компанијата Продис

13

Претставници на десетина медиумски куќи од Русија деновиве престојуваат во Македонија, со цел да се запознаат со производствениот процес на компанијата Продис, кој се одвива во строго контролирани услови за производство на органски и еколошки чист производен асортиман.

Новинарите ќе имаат можност да се запознаат и со целокупниот асортиман на производи кој се состои од органски житарки, чаеви и хомеопатски лекови, и веќе е присутен на пазарот во Русија.

За време на посетата гостите ги погледнат и позначајните културно историски места во Скопје и Охрид.

Според компанијата оваа посета е одлична можност за промоција на Продис на рускиот пазар, а истовремено е и одличен начин за промоција на природните убавини и културните знаменитости на Македонија.