Новиот iPhone 5 во различни бои и димензии

54

iPhone-5S-468x304Следниот iPhone ќе вклучува нова touch-sensor технологија, два екрани со различнa големина и ќе биде достапен во пет бои, најавуваат во светските медиуми.

Се зборува дека следниот iPhone од Apple ќе биде со нова подобрена touch screen технологија наречена touch on display и дека корисниците на новиот iPhonе ќе можат да изберат помеѓу двата екрани со различна големина како и помеѓу петте различни бои на најновиот производ од светскиот гигант.

Apple исто планира да понуди избор на екрани и бои при лансирањето на iPhone 5S, некаде во мај или јуни 2013. Како што пишуваат светските медиуми, новиот iPhone ќе може да се најде во розева, жолта, сина, бела и сребрена боја.