Новата српска национална авиокомпанија ќе започне со работа во март следната година, со летен ред на летање. Тогаш ќе стигнат четири ербаса 319, коишто државата ќе ги земе на лизинг. Во есен ќе стигнат уште четири ATR 72-500, исто така на лизинг, пишува Новости.
До крајот на годинава ќе биде потпишан меморандум за разбирање со Ербас, а во 2015 во Србија ќе стигнат четири авиони од типот А320.
До средината на декември ќе биде формирана нова национална авиокомпанија како фирма ќерка на ЈАТ Airways. Тоа е единствен начин на новата фирма до пролет да и се пренесат правата, сопственоста на авионите и неопходниот кадар. Се смета дека новата компанија може да биде рентабилна со максимум 600 вработени.
Еден од предлозите е новата компанија да го носи името “Jat Serbian Airlines”, за да се зачува препознатливиот бренд стар преку 60 години.
Според оценките на експертите, српскиот авиопревозник ќе биде лидер во регионот. Големи се шансите два од авионите боинг 737-300 да ги стационира во Скопје и од таму под своја ознака да лета кон Европа. Исто така, не е исклучена можноста еден авион да оди во Сараево, со оглед на тоа дека Turkish Airlines излезе од BH Airlines.