Новиот Samsung Galaxy S5 ќе има скенер за очи?

37

samsungSamsung ќе го лансира новиот Galaxy S5 до крајот на април, изјави извршниот потпретседател Ли Јанг Хи во интервју за Блумберг. Заедно со Galaxy S5, ќе ја лансира и новата верзија на Galaxy Gear паметниот часовник кој ќе биде потенок од својот претходник.

Хи во интервјуто вели дека Samsung можеби ќе има сензор за ирисот, при што телефонот ќе се вклучува со скенирање на окото. Минатата година Apple стави сензор за отпечаток од прстот на новиот iPhone 5S со што телефонот се отклучуваше без лозинка.