Новите директиви на гласање следниот месец – стоп за производството на слим цигари

60

cigariЗа да ја спречи појавата на нови пушачи и навиките за пушење да ги направи што понепривлечни за младите, Европскиот парламент воведува цела низа забрани, но и обврски кон тутунската индустрија.

Според новите правила што ќе се изгласаат на почетокот на следниот месец, тенките или слим цигари веќе нема да се произведуваат, како ни оние со вкус на ментол, овошје или чоколадо. Предупредувањата што се истакнати на кутиите на цигарите, според новите правила ќе мораат да покриваат 75% и тоа со поголема вознемирувачка фотографија.

Иако бројот на пушачи е во опаѓање, и понатаму секој четврти жител на Европската унија е никотински зависник. Но, загрижува фактот што дури 94% од пушачите првата цигара ја запалиле пред да наполнат 25 години.

Хрватска, заедно со уште седум членки на ЕУ пред неколку дена потпишаа декларација за дополнителна заштита на тутунопроизводителите, чии интереси би можеле да бидат загрозени со новите директиви.

Хрватскиот министер за земјоделие, Тихомир Јаковина смета дека борбата против пушењето најдобро може да се води преку едукација и подигање на свеста за штетноста на пушењето.

“Колку проценти од кутијата ќе бидат покриени со слика и порака нема да биде пресудно. Мислам дека тоа нема да ги одврати вистинските пушачи, затоа е поважна едукацијата”, изјави Јаковина.

Освен Хрватска, директивата ја потпишаа министрите за земјоделие на Бугарија, Шпанија, Грција, Португалија, Унгарија, Романија и Полска.