Новите стаклени пешачки патеки на Tower Bridge

19

UntitledВо Тауер Бриџ, познатата кула мост во Лондон, беа претставени две нови стаклени пешачки патеки, што е една од најголемите новости за зданието, од кога истото беше отворено за јавноста во 1982 година.

Патеките се поставени 42 метри над реката Темза, нивната должина изнесува 11,5, а ширината 1,8 метри.

Секоја од стаклените панели тежи 500 килограми, додека целиот проект чини 1 милион фунти. Западниот премин беше отворен денеска, а источниот се очекува да биде отворен на први декември.

Новите пешачки патеки ќе бидат уште една атракција за жителите и туристите во овој град.

TOWER-BRIDGE-6_3101409k

Така, додека стојат на стаклените панели тие ќе можат да видат како мостот се отвора за да го пропушти речниот сообраќај.

Тауер Бриџ годишно привлекува 600.000 посетители, а со новите патеки бројката се очекува значително да се зголеми.