На настан во Хонг Конг, Samsung претстави нов вид на огледало кое истовремено служи и како параван со камера поставена внатре во самото огледало, пишува Business Insider.
Новиот производ ќе им овозможи на потенцијалните купувачи да добијат информација за производот или “дигитално” да ги пробаат работите пред да ги купат.
Од Samsung велат дека огледалото може да се користи за “виртуелно” испробување на алишта. На пример, доколку сте дома, ќе можете да изберете облека од апликација и во огледалото да видите како истата ќе ви стои.
Огледалото е сензитивно на движења, поради тоа што во него се наоѓаат Real Sense 3D камери на Intel што можат да снимат видео.
На тој начин камерата ќе го следи вашето движење, ќе сними видео запис и вашето тело ќе го прекрие со виртуелна облека. Исто така, камерите ќе можат да се управуваат со глас.
Од компанијата велат дека овој производ е идеален во трговијата со облека. Можеби еден ден овие “магични” огледала ќе ги заменат традиционалните огледала во нашите домови.