Во пресрет на новогодишните празници, оне.Вип нуди нова промотивна понуда во рамките на ОНЕ брендот за своите постпејд корисници.
Сите корисници кои ќе склучат нов договор или ќе го обноват веќе постоечкиот договор на некои од тарифните модели во Mobile Gо портфолиото добиваат можност за уште повеќе придобивки. Така, со Mobile Gо М за месечна претплата од 799 денари корисниците ја добиваат можноста за неограничени разговори кон сите национални мрежи и вкупно 4 GB интернет секој месец, а во тарифниот модел Mobile GO L за месечна претплата од 1.499 денари добиваат неограничени разговори и 7GB мобилен интернет.
Дополнително, корисниците ја добиваат можност да добијат одличен паметен телефон за 0 денари.
Оваа промотивна понуда е достапна за сите приватни и деловни корисници со договор склучен на 24 месеци.