Новограц предвидува рецесија – колку долго сепак може да трае?

59

Основачот и извршен директор на Galaxy Digital, Мајк Новограц, верува дека сегашната „крипто-рецесија“ ќе биде проследена со општа економска рецесија.

Во интервју за „New York Magazine“, милијардерот рече дека САД би можеле да се справат со економскиот пад до крајот на 2023 година.

„Мојот инстинкт е 18 месеци, можеби дури и малку пократок, затоа што мислам дека ФЕД [Федералните резерви] ќе мора да престане да ги зголемува каматните стапки до есен, и мислам дека тоа ќе ги натера луѓето да се чувствуваат удобно да почнат повторно, да градат“, смета тој.

Извршниот директор, исто така, предвидува дека ќе има регулаторна репресија кон областа на децентрализирано финансирање (DeFi).

„На некој начин, регулаторите ќе се ги излижат усните и ќе речат: „О, Боже мој“. Но, во најголем дел, DeFi функционира. Само што неговата вредност е многу помала. Онаму каде што има големи загуби, тоа е навистина во оваа чудна комбинација на CeFi [централизирано финансирање] и DeFi. Celsius и BlockFi беа црни кутии во кои инвеститорите ги ставаа своите пари и потоа правеа што сакаат со нив. Ова не беше on-chain [на синџир]. Не знаевте што е потпора освен ако не „влезете под хаубата“. Не знаевте колкава е разликата меѓу нивните средства и обврски“, вели милијардерот.

Новограц призна дека Galaxy Digital направиле грешка што биле „премногу долги“ во однос на крипто-средствата. Сепак, тој истакна дека другите крипто- компании направиле уште поголема грешка со преземање поголем кредитен ризик отколку што би требало.