Новоименуваната директорка на Твитер, твитна: „Инспирирана сум од визијата на Маск“

31

Новоименуваниот извршен директор на Твитер, Линда Јакарино, објави на Твитер дека е „инспирирана од визијата на сопственикот на компанијата, Илон Маск, да создаде посветла иднина“ и дека е возбудена поради предизвикот со кој се соочи за да помогне во трансформирањето на платформата.

Тоа, инаку, беше првото јавно соопштение на Јакарино од четвртокот, кога Маск откри дека преговара за назначување „нов извршен директор“, потсетува Ројтерс.

Откако го купи Твитер минатата година за 44 милијарди долари, Маск беше извршен директор, а Јакарино до неодамна беше директор за рекламирање во Comcast Corp NBCUniversal.

Таа, сепак, сега ќе го преземе управувањето со Твитер, кој се обидува да го смени трендот на пад на приходите од реклами и зголемување на долгот бидејќи огласувачите постепено ја прекинуваат соработката поради радикалните одлуки на Маск.

Еден од нив беа масовните отпуштања, речиси 80 отсто од нив.

Потсетуваме, Маск кон крајот на минатата година објави дека „бара кандидат за функцијата извршен директор на Твитер“.