Новости: Русите ги продаваат становите во Будва

13

budva

Новоизградените станбени згради во Будва со многу катови и не толку далеку од морето, главно стојат празни. Чекаат купувачи, кои ова лето ги има сосема малку. Големата понуда и слабата куповна моќ на некогаш средната класа доведоа до пад на цените. Но, не многу. Во Будва, Црна Гора, просечната цена е 1.900 евра по метар квадратен, пишува Вечерње новости.

Во агенциите за продажба на недвижности истакнуваат дека економската криза е една од главните причини за слабата продажба. Но, тука се и нереалните цени кои важеа пред две – три години, во времето на налетот на руски инвеститори, кога метар квадратен чинеше од 3.000 до 8.000 евра. Продажбата одеше добро, па многумина гледајќи добра заработка во тој бизнис, градеа интензивно и претерано. Продажниот бум траеше кратко, а Будва тогаш беше “извикана” како скапа дестинација, пишува Новости.

Сега своите вили и станови ги продаваат и Русите, што ги купуваа во 2007 и 2008, но по значително пониски цени.