Nvidia и Foxconn најавија изградба на фабрики за вештачка интелигенција

19

Големите технолошки компании Nvidia и Foxconn најавија соработка и развој во изградбата на, како што ја нарекоа – фабриката за вештачка интелигенција. Станува збор за нов тип на податочен центар во кој чиповите и софтверот на Nvidia ќе се користат за развој на различни производи и апликации, вклучувајќи автономни автомобили и машини и индустриски роботи.

Партнерството беше објавено на Денот на технологијата во Тајван од страна на извршните директори на овие компании, Јенсен Хуанг од Nvidia и Јанг Лиу од Foxconn. Притоа, тие нагласија како фабриката за вештачка интелигенција ќе обработи голема количина на податоци во вредни модели и информации за вештачка интелигенција.

За потсетување, овие компании на почетокот на годината најавија партнерство за развој на платформа за автономни возила, а сега тоа партнерство е дополнително проширено.