ОАЕ одобри вакцинација со Sinopharm на деца од три до 17 години

27

Обединетите Арапски Емирати (OAE) одобрија итна употреба на кинеската вакцина Sinopharm против Ковид -19 за деца на возраст од три до 17 години.

Повикувајќи се на Министерството за здравство, владата соопшти дека таквата одлука следела по клинички испитувања и обемни проценки.

ОАЕ воведе една од најбрзите програми за вакцинација во светот, со 16,8 милиони вакцини на 10 милиони жители.

Фото:Freepik