Објавен неделниот извештај за емисии од главните точки во Цементарница Усје

31

Денеска беше објавен неделниот извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница УСЈЕ.

Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

Емисиите од работата на Цементарница постојано се под граничните вредности определени со Закон.

Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата. Цементарница поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.