Технолошката компанија ProptechOS објави нов Индекс на паметни градови за 2024 година, создаден по истражување и анализа на повеќе фактори, а Париз е на врвот на листата.
Што го прави градот паметен – дали е тоа иновативна зелена технологија, ефикасен јавен транспорт, одлични можности за вработување, силен фокус на одржливоста? Според најновиот Индекс на паметни градови од технолошката компанија ProptechOS, вклучени се сите горенаведени.
Платформата анализираше сè, од пристапноста на Wi-Fi до бројот на дрвја, аеродроми и работни места во технологијата и го круниса новиот „најпаметен град“ за 2024 година.
Годинава тоа е Париз, а француската престолнина доби оценка од 91,8 од 100 за поврзување и инфраструктура и 89,1 на технолошкиот пазар на труд, додека само 51,4 во зелената инфраструктура, за вкупен резултат од 76,4.
Париз го престигна Лондон – победникот од 2023 година, Лондон, кој падна на второто место со резултат од 73,1, но постигна многу подобар резултат особено во зелената инфраструктура, со 63 во таа категорија. Третото место му припадна на Амстердам со вкупно 72,8, но импресивни 75,4 во зелената инфраструктура, највисоко на листата. Берлин беше четврти со 69, а Мадрид петти со вкупен резултат од 68,5.
Листата на топ 10 паметни градови во Европа се состои од:
Париз
Лондон
Амстердам
Берлин
Мадрид
Лисабон
Стокхолм
Луксембург
Даблин
Копенхаген