Ocean Space Habitat – шатор што може да се користи под вода

17

Фото: Ocean opportunity

Двајца нуркачи со долгогодишно искуство креираа шатор којшто може да се користи за експедиции под вода, пишува Digital Trends.

Ocean Space Habitat на нуркачите им обезбедува безбедно место за одмор под вода каде што можат да ги извадат маските, да јадат, да ја заменат опремата и слично.

Кога е соодветно надуван може да се постави на одредена длабочина и за се “закотви“ на едно место. Изработен е од мешавина од винил и најлон, со облога од полиестер и нерѓосувачки челик за тврдите делови.

Самиот шатор тежи девет килограми, но може да достигне маса до 90 килограми во зависност од конфигурацијата.

Вградените филтри за јаглерод диоксид овозможуваат луѓето внатре да останат и до шест часа, а батерии на полнење ги придвижуваат воздушните вентилатори.