Очекувањата за долгорочната инфлација во еврозоната повторно под два отсто

89

Важниот показател за очекувањата за долгорочната инфлација во еврозоната денеска повторно падна под границата од два отсто.

Тоа е за првпат од март, бидејќи загриженоста од забавувањето на економската активност се гледаше и од смирувањето на цените.

Свопот за инфлација „на пет години за пет години” (five-year five-year forward inflation swap) падна на 1,9898 отсто, паѓајќи под целта од два отсто на Европската централна банка.