Од денеска извршители може да ви блокираат сметка

99

Извршителите од денеска, по четиримесечна пауза, продолжува со редовните активности.

Денеска истече важноста на Уредбата со којашто беше предвидено 30 дена по престанување на вонредната состојба да продолжи целосната примена на Законот за извршување.

Од Комората на извршители соопштија дека Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 86 од 01.04.2020 година) е предвидено дека Законот за извршување нема да се применува од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила до 30 јуни 2020 година, a согласно Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 156 од 12.06.2020 година) се менуваат зборовите од првата Уредба “до 30 јуни“ со зборовите “заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба“.

Од Комората на извршители велат дека извршителите се подготвени да почнат со својата редовна работа. Тие велат дека и досега примаа барања за извршување и ги подготвуваа предметите, но од денеска ќе почнат и со извршување на наплатата на долговите.

Фoто: Freepik