Од извоз на авокадо заработија скоро три милијарди долари

36

Извозот на авокадо во светот минатата година достигна вредност од 6,5 милијарди долари, што е за 4,2% повеќе во споредба со 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, трите најголеми извозници на авокадо во светот (Мексико, Холандија и Перу) покриваат 56,5% од извозот на авокадо во светски рамки.

Мексико е најголем извозник на авокадо во светот, покривајќи 41,7% од глобалниот извоз, што на земјата ѝ донесе приходи од 2,7 милијарди долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на авокадо на глобално ниво лани беа и: Холандија (1,1 милијарда долари), Перу (759 милиони долари), Шпанија (442,9 милиони долари), Чиле (219,4 милиони долари), Кенија (169,2 милиони долари), САД (164,7 милиони долари), Колумбија (146 милиони долари), Нов Зеланд (115,4 милиони долари) и Мароко (107,7 милиони долари).