Од касиер или рецепционер до успешен извршен директор

26

dishes-691541_960_720

Фото: Pixabay

Некои од најпознатите и најбогати директори денес, не ги наследиле своите директорски места од фамилијата во која се родени. Затоа тие се инспирација за луѓето кои имаат визија да успеат.

Мајкл Дел, извршен директор на Dell Technologies

Како дете, Мајкл Дел собирал поштенски марки. На возраст од 12 години почнал да работи како мијач на садови во кинески ресторан за да заработи пари и да ја зголеми својата колекција. Потоа, добил понуда за повисока плата да работи во мексикански ресторан. На 15 години купил Apple компјутер и целосно го расклопил за да види како функционира.

Мариса Маер, извршен директор на Yahoo

Мариса Маер работела како касиерка во локална продавница. Била толку брза и можела да отчука 40 артикли во минута. Часовите по клавир и балет ѝ помогнале да има став и дисциплина. По завршувањето на студиите добила 14 понуди за работа, а се одлучила за Google, каде станува прва жена инженер. Сега е извршен директор на Yahoo, до целосното преземање на компанијата од страна на Verizon.

Џеф Безос, извршен директор на Amazon

Својата прва работа ја започнал заедно со неговата поранешна девојка, отворајќи едукативен камп за деца од четврто, петто и шесто одделение. Работел како раководител на кампот, а кога завршил со студиите одлучил да започне свој бизнис.

Ворен Бафет, извршен директор Berkshire Hathaway

Познатиот бизнисмен започнал со делење на весници со велосипед. До завршувањето на средното училиште во 1947 година имал заработено 5.000 долари, што е како денешни 54.000 долари.

Индра Нуи, извршен директор на PepsiCo

Индра Нуи претседател и извршен директор на PepsiCo сама си го платила студирањето на Универзитетот Јеил. Работела како рецепционерка во ноќна смена од полноќ до пет часот изутрина бидејќи за таа смена се плаќало 50 центи повеќе од час.

Рид Хејстингс, извршен директор на Netflix

Рид Хејстингс започнал да заработува за живот од продажба на правосмукалки од врата на врата. Тој толку ја сакал работата како продавач што ги одложил студиите за една година. Подоцна работел за компанија којашто се занимавала со решавање на софтверски проблеми, а шест години подоцна ја основа компанијата Netflix.