Од почетокот на годината половина од произведената струја во Германија е зелена

36

Дури 49% од потрошувачката на енергија во Германија во првата половина од годината е покриена со зелени капацитети, пишува „Ројтерс“. Бројките покажуваат дека поради поголемиот сончев интензитет и поголемата брзина на ветерот, уделот на обновливите извори во енергетскиот микс на земјата се зголемил за 6 процентни поени.

Во споредба со првата половина на 2020-та година, сепак, има благ пад – тогаш зелените капацитети обезбедија 50,2% од потрошувачката на енергија во Германија.

Генерално, потрошувачката на енергија е намалена за 0,8% на 281 милијарди киловат часови во периодот јануари – јуни.

Производството на електрична енергија, сепак, порасна за 1,7% на 298 милијарди киловат часови, што значи дека Германија беше нето извозник во овој период. Зелените капацитети – ветер и сончева енергија, биомаса, геотермални и водни постројки произвеле 139 милијарди киловат часови, што е зголемување за 13,5 отсто во однос на првата половина од 2021-ва година.

Најголем раст имало производството на електрична енергија од ветерни турбини на копно – за 23% до 59 милијарди киловат часови.

Во случајот со конвенционалните извори – нуклеарна енергија, јаглен и гас – има намалување од 6,7% на годишна основа до 159 милијарди киловат часови.

Бројките, исто така, покажуваат дека минатата година Германија ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 39% во однос на нивото од 1990-та година, со цел да се постигне намалување од 65% до 2030-та година. Еден од чекорите во овој план е да се зголеми уделот на изворите на енергија со ниска содржина на јаглерод.