Од полноќ нови цени на горивата

21

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата. Согласно Методологијата за формирање на цените, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,58%.

Според тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се променува, односно
останува на исто ниво и изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит со тоа ќе изнесува 72,50 ден/лит. Цените на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит и ќе изнесуваат 66,00 ден/лит, односно 54,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,347 ден/кг и ќе биде 34,351 ден/кг.