Од приправник до директор: Како изгледаше патот на најголемата ѕвезда во Disney

201

Карим Даниел (46) пораснал во Чикаго и како дете сакал да чита стрипови. Поминувал часови обземен со хобито, а години подоцна стигна на врвот на најголемата компанија во индустријата за забава, компанијата The Walt Disney Company, и така им се придружи на најуспешните бизнисмени.

Започнал како приправник во овој гигант вреден повеќе од 200 милијарди долари, а сега е првиот човек на дивизијата Media and Entertainment Distribution.

Тоа е новоформирана група за дистрибуција на медиуми и забава, а Даниел има задача да донесува одлуки за цените, маркетинг-проблемите и начинот на кој фановите ќе се поврзат со платформата Disney Plus. Идејата е овој стриминг сервис  да го надмине моментално најпопуларниот Netflix.

Од октомври 2020 година, Карим Даниел е исто така најдобриот од сите извршни директори од компанијата, кои имаат афро-американско потекло. Според Bloomberg, тој му должи голем дел од својот подем и успех на Боб Чапек, извршен директор на американската компанија.

Чапек го ангажираше за прв пат како практикант, кога Карим беше на постдипломски студии. После тоа, овој Американец работел како постар организатор на деловно работење, а потоа и како директор на корпоративна стратегија. 

“Тој е одличен извршен директор кој има неверојатна објективност кога станува збор за донесување одлуки, засновани врз факти“, рече Чапек во едно интервју.

Фото: Facebook