Од утре се укинуваат епидемиолошките мерки за влез во Србија

30

Од утре престануваат да важат сите антиковид мерки за контрола и ограничувања за влез на лица во Србија, како за странските, така и за домашните државјани, соопшти владата на Србија.

„Од полноќ, српските државјани, како и странските државјани, при влез во Србија нема да бидат обврзани да имаат негативен ПЦР тест, брз антигенски тест, доказ за прележано заболување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат во Република Србија“, се наведува во соопштението на српската Влада.

Вчера мерките целосно ги укина и Грција, а претходно и Бугарија.