Одбележување на Светскиот ден на потрошувачот

45

market-banskolievМинистерството за економија денеска традиционално ќе го одбележи 15 март, Светскиот ден на потрошувачот, под мотото Заштита на потрошувачките права.

На свеченоста ќе бидат присутни претставници од Организацијата на потрошувачите на Македонија, Стопанската комора на Македонија, бизнисмени, како и други институции чии надлежности се поврзани со заштитата на потрошувачите.

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на потрошувачите, министерот за економија Ваљон Сарачини и претседателот на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, Ѓорѓи Јанчевски ќе потпишат кодекс за добро однесување на банките и штедилниците.