Одите на скијање? Не размислувајте, осигурајте го вашиот дом од кражба и разбојништво

71

Уште еден месец до стартот на сезоната на зимските годишни одмори, периодот во годината кога повеќето се подготвуваат за заслужената воздишка од талогот насобран од обврски и стрес. Време кое претставува на планирање и организирање за зимскиот период каде фамилиите ќе скијаат на падините на големите скијачки центри, но тука се и моментите да не се заборави нешто, да не се пропушти нешто и да го попречи целосното опуштање на одбраното место за одмор.

Нам ни е сезона на одмори, на провалниците им е работна сезона. Најголем дел од провалните кражби се случуваат во летните и зимските месеци.

За непријатните случки како што се разбојништвото и провалните кражби слушаме секојдневно во медиумите или во секојдневните разговори со луѓето. Тоа доволно зборува за нивната сериозност и честа појава. Имајќи го ова предвид, секој од нас треба да биде свесен за неопходноста од поседување на полиса за осигурување од овој тип настани. Затоа, ако досега не сте го направиле тоа, сега е вистинско време да купите полиса за осигурување на вашиот дом и да се заштитите од најчестиот расипувач на одморите – провалната кражба. Осигурувањето од провална кражба и разбојништво ја покрива предизвиканата штета, односно се осигуруваат украдените, уништените или оштетените предмети при провална кражба или во обид за такво дејство. Осигрувањето покрива и штети што настанале на градежниот објект.

Значи заклучокот од тргнување на пат и сигурен и безгрижен одмор е едноставна. Ќе се упатите во една од осигурителните друштва во Северна Македонија и мирно ќе спиете на одмор. Нема да ги мислите вашите лични предмети, накит, пари, уметнички украси. Секако дека нема да го мислите она што сте го купиле со љубов за да му го отстапите на разбојникот од соседството.