Одложување на активностите за Глобалната недела на парите поради трагедијата во Кочани

Поради трагедијата што ја потресе нашата земја, Народната банка ги одложува активностите поврзани со Глобалната недела на парите, коишто беа планирани во соработка со Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, како и со партнерските институции од приватниот и граѓанскиот сектор.

Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите и до сите погодени од оваа несреќа.

За новите термини и начинот на одбележување на Глобалната недела на парите, јавноста ќе биде дополнително известена.