
НЛБ Банка АД Скопје преку Македонска берза известува дека на ден 17.03.2025 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Хедвика Усеник да биде именувана за член на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат до 30.08.2025 година.
Со издавање на Решението од НБРСМ, престанува мандатот на Блаж Бродњак, досегашен Претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.