Антропик може да ја зголеми цената на акциите над 80 долари при ИПО поради големата побарувачка

Американската компанија за вештачка интелигенција „Антропик“ размислува за зголемување на цената и обемот на својата првична јавна понуда (IPO) поради силната побарувачка, што би можело да ја направи конечната цена далеку над првично прогнозираниот опсег од 70 до 78 долари по акција, објави  CNBC.

Според информации од извори запознаени со разговорите, интересот на инвеститорите ги надминал очекувањата, поради што компанијата размислува да ја зголеми понудената цена на акциите, потенцијално на повеќе од 80 долари (околу 73 евра).

Книгата со нарачки за акциите е затворена во вторник, а конечната одлука за цената и обемот на понудата се очекува денес попладне, велат изворите, забележувајќи дека деталите сè уште би можеле да се променат.