ОЕЦД: Возраста за пензионирање се зголемува, разликата во приходите е сè уште висока

Просечната возраст за пензионирање во земјите-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ќе се зголеми од 63,9 години за жени и 64,7 за мажи, што е границата за пензионирање во 2024 година, на 65,9 години за жени и 66,4 за мажи кои го започнале својот работен век во текот на 2024 година, според денешниот извештај „Пензиска панорама 2025“ објавен од ОЕЦД.

Организацијата, исто така, истакнува дека разликата во приходите меѓу мажите и жените е сè уште забележлива и висока.

Во документот се наведува дека, според сегашното законодавство, стандардната возраст за пензионирање ќе се зголеми во повеќе од половина од земјите-членки, пренесува АНСА.