Официјално: Од 2035 година во ЕУ ќе биде забранета продажбата на возила со бензински и дизел мотори

70

Претставниците на Европскиот парламент денеска официјално го одобрија законот за забрана на продажба на нови автомобили со бензински и дизел мотори во ЕУ од 2035 година.
Според новите прописи, производителите на автомобили мора да постигнат 100 отсто намалување на емисиите на јаглерод диоксид во новите возила што ги продаваат до 2025 година.

Новиот закон предвидува и намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 55 отсто од 2030 година во споредба со нивоата од 2021 година, што е многу повисоко од постојната цел од 37,5 отсто.

Членките на ЕУ се договорија со претставниците во Европскиот парламент во октомври минатата година, но потребно е официјално одобрување на прописите пред да стапат на сила. Конечното одобрување се очекува во март.

Сепак, и по 2035 година граѓаните ќе можат да купуваат половни возила со внатрешно согорување.