Охридска банка доби кредитна линија од 10 милиони долари

31

mkd-5621Членката на групацијата на Светска банка ИФЦ, и додели на Охридска банка кредитна линија од 10 милиони долари во рамките на Глобалната програма за финансирање на трговското работење (GTFP).

Се работи за програма која го поддржува трговското работење на растечките пазари преку обезбедување делумни или целосни гаранции за индивидуални трговски трансакции, кои од ИФЦ имаат добиено кредитен рејтинг ААА.

Со ова на Охридска банка ќе и се озвоможи да обезбеди дополнително финансирање на своите трговски клиенти, особено за малите и за средните претпријатија со потенцијал за пораст, кои се активни во енергетскиот, металуршкиот, рударскиот, текстилниот, прехранбениот, индустрискиот и во транспортниот сектор.

Од своето основање во 2005 година, GTFP на банките во растечките пазари им има издадено преку 15.000 гаранции во вкупна вредност од 25 милијарди долари за намирување на трговските обврски на нивните финансиски клиенти.

Во фискалната 2013 година ИФЦ одвои 3,1 милијарди долари за поддршка на трговијата во најсиромашните земји во светот и 80% од сите гаранции завршија кај малите и средните претпријатија. GTFP вклучува повеќе од 500 партнерски банки.