Охридска банка со поддршка за мали и средни претпријатија

17

SONY DSCБанката за развој при Советот на Европа и Охридска банка потпишаа договор за кредитна линија од осум милиони евра кои ќе бидат наменети за мали и за средни претпријатија.

Договорот беше потпишан во Париз од страна на вицепремиерот на Банката за развој при Советот на Европа, Аполонио Руиз Лигеро и членот на Управниот одбор на Охридска банка, Сосиете Женерал групацијата Филип Котора.

Кредитната линија ќе се користи за финансирање на инвестициски проекти со цел да се подобри квалитетот и ефикасноста во работењето на малите и на средните претпријатија, да се зачуваат моменталните работни места и да се создадат нови можности за вработување.

Кредитот ќе се користи и за обезбедување на фиксни средства и производствена опрема кои ќе се финансираат до висина од 50% од проектот и до 50.000 евра за обртен капитал.